Само во Македонија си жив а мртов! Само овде може да те тепаат, омаловажуваат, дозакопаат, да ти го одземат достоинството, да те заглават во долгови, да немаш кој да те заштити, да остариш и да се разболиш пред време и да си викаш “не можам веќе, чекам да умрам за да се спасам од сè”.

Ова е текст за судбината на една Данче, жртва на семејно насилство, мајка на син, исто така жртва на таткото алкохоличар. Нејзината приказна ја пренесува Јована Нановски, која од здружението „Стопли срце“.

 

Сакав да ве замолам, да застанеме зад овие луѓе и да им помогнеме да застанат на нозе и да ги осетат благодетите на животот, зашто никој не заслужува да живее вака без достоинство и со наведната глава, никој, апелира Јована.

Потребни се:
Бојлер, казан;е за веце, фрижидер, машина за перење, кујна (макар 2 елементи со лавабо), клима, поликолор… целиот стан е дотраен, ама барем овие основни работи за нормален живот да ги набавиме, ве молам! Исто така ќе ни биде потребен водоводџија, електричар и молери, па кој сака нека се пријави 🙏🏻
Кој сака да донира, еве ја сметката, со дознака за Данче.
Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: МК07270722000030435
ХАЛКБАНК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.