Нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат метеролозите за утре, а од среда стабилизирање и пораст на температурата.

Утре локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Температуата ќе се движи утринската од 13 до 20, дневната од 24 до 34 степени.

Од среда повторно ќе преовладува сончево и топло време со повремена умерена облачност и со пораст на температурата, која ќе достигне и до 38 степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.