Времето во земјава променливо облачно и топло со слаб до умерен западен до северозападен ветер. Претпладне ќе има повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со пороен дожд засилување на ветерот и појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 5 до 12, а дневната од 20 до 25 степени.
Во Скопје, Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, а попладне со услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 24 степени.
До крајот на викендот ќе биде променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има повремено зголемена облачност со локален дожд. На места ќе биде нестабилно повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме. Од понеделник ќе биде постабилно и малку посвежо
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.