Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 24 до 31 степен Целзиусов. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.

Од утре следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.