Времето денеска според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, кога локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен.
На места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.
Минималните температури низ републиката ќе се движат од осум 16, а максималните од 21 до 28 степени.
Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожди услови за појава на грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 13 до максимални 26 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.