Топло време, со услови за нестабилност пороен дожд и грмежи најавуваат метеролозите за претстојниот празничен викенд.
Во наредните денови ќе се задржи топло време, сабота во попладневните и
вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота. Во недела и понеделик ќе настапи преодно стабилизирање на времето со благ пад на температурата – соопшти Управата за хидрометеролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од шест до 12 степени, максималната од 21 до 28 степени. Во сабота температурата ќе достигне до 25 степени, во недела 26 степени и понеделник до 25 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.