Доколку патувате, внимавајте бидејќи од 7 до 14 август, ќе се спроведува меѓународна акција на зголемена контрола на сообраќајот, која ќе биде насочена на контрола на брзината на движењето на возилата.
За време на акцијата која истовремено се спроведува во 30 европски земји, членки на организацијата ROADPOL(мрежа на сообраќајни полиции на Европа), сообраќајната полиција ќе ги ангажира сите расположиви уреди за мерење на брзината на движење-рачни радари, радари во системите на видео надзор и уреди за мерење брзина во возилата без обележја на полиција, таканаречени пресретнувачи, додека на автопатиштата ќе биде мерена и просечната брзина на движење на возилата со користење на проширен и унапреден систем.
Одреден број патроли ќе ја снимаат брзината на движење без запирање на возачите, а сопствениците на возилата кои ќе бидат снимени како ја надминуваат пропишаната брзина ќе добијат на домашна адреса повик да се изјаснат за идентитет на лицето кое го направило прекршокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.