Под влијание на влажен бран утре во попладневните часови во западните делови од Македонија ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Како што најавува УХМР, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови, над 30 литри на метар квадратен.

Врнежите ќе продолжат и во петок кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Температурите утре ќе се движат од минимални четири степени во утринските часови до максимални 25 во текот на денот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.