Следува период на повремени локални врнежи од дожд. Веќе од недела нашата територија ќе потпадне под влијание на незгодно јужно и југозападно воздушно струење, кое особено кај метеопатите ќе создаде можност за позначителни здравствени проблеми, прогнозира Славчо Попоски.

Се очекува јужен ветер, кој полека ќе се засилува, а температурите на воздухот повторно ќе бележат пораст и ќе се искачат до над просекот за овој дел од годината.

Поголем бран на врнежи ќе имаме особено во понеделник кога ќе има услови и за локален развој на нестабилност проследена со грмежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.