Во следните 24 часа над Балканот и регионот поточно над Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија како и на север, североисток и запад од Македонија ќе се случи судир на две воздушни маси (многу посвежата од север и многу топлата од југ). Токму поради ова се очекуваат во голем дел од овие споменати држави силни атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на невреме, локално и изразено, истото ќе биде проследено со интензивен пороен дожд кој има опасност да услови и локални поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења како и појава на град кој би можел да биде и од поголема величина (покрупен).

Kај нас и тоа особено на север, североисток и на запад се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално не се исклучува можноста за појава на невреме проследено со силен ветер и услови за појава на град.

Сериозно се предупредуваат граѓаните во случај на појава на невреме да бидат крајно претпазливи, како и во случај на појава на електрични празнења, односно на појава на невреме граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така кај нас во следните часови ќе започне на повеќе места да дува засилен ветер и тоа од југозападен правец на југозапад и на запад а од јужен правец во останатите предели од државава. истиот повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.