Поројни врнежи со грмежи и силен ветер од утре попладне, а заладување за пет до осум степени од четврток, најавува УХМР.

Според Управата, утре попладне и во текот на ноќта, најпрво во северните делови од земјата, на места ќе има пороен дожд со грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер од над 70 километри на час.

Во четврток сѐ уште ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на температурата за пет до осум степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.