До крајот на денот и утре претпладне ќе се задржи променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд претежно во северните делови. Ќе дува и умерен до засилен ветер.
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека до 17 часот наврнати се 10 литри на метар квадратен во Ѓуриште, пет во Штип, четири во Берово, три во Виница, два на Зајчев Рид во Скопје и во Демир Капија и еден литар во Маврово и Лазарополе.
Веќе од утре попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, кој особено ќе биде изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 15 до 22 степени Целзиусови.
Во Скопје утре слично време со минимална температура до 9 и максимална до 20 степени Целзиусови.
Од сабота, синоптичарите најавуваат стабилно, сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.