Во текот на изминатите 24 часа во Скопје-Лисиче наврнале 32л/м2, 22 во Тополчани, 19 во Крива Паланка, 12 во Виница, 9 во Тетово и Крушево, 7 во Берово, 6 во Струмица, 3 во Прилеп, 2 во Пожаране, Штип и Гевгелија и еден Дојран, соопштуваат од УХМР.
Времето денеска во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Максималните температуи ќе се движат во интервал од 27 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе
има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Температурите ќе се движат до 32 степени.
До вторник ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во понеделник и
вторник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во среда времето ќе биде нестабилно на повеќе места и ќе дува засилен северозападен ветер, што ќе придонесе да има опаѓање на температурата од 7 до 9 степени
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.