Времето утре ќе се задржи сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност, соопшти УХМР. Во сабота ќе има зголемена облачност и развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за пет до шест степени.
Според прогнозите, во сабота максималната температура ќе биде 38, а во недела 34 степени. До среда, темепратурите ќе се движат од 12 степени во утринските часови, до максимални 37 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.