Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија на ден 13.11.2021 година (сабота ) ќе останат следните корисници:

–  од 08:00 до 11:00 часот, корисниците од делови од ул. Аминта Трети и ул. Мирослав Крлежа како и бул. Партизански Одреди броеви 19, 21 и 23. (Општина Центар)
–  од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од делови од улиците: Дебарца, Никола Тримпаре , Борка Талески, Аминта Трети, бул.Партизански Одреди бр.25 и објектот на Амбасадата на Република Грција. (Општина Центар )

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје се известени од ЈП „Водовод и канализација“, ги известува граѓаните дека на ден 14.11.2021 година (недела) поради реконструкција на водоводна мрежа и промена на затворач со пречник од ф-250 мм на ул. Тодор Александров бр. 38 , од 09:00 часот до завршување со активностите, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од делови од улиците:

– Тодор Александров, Ацо Караманов, Караорман, Периша Савелиќ, Загребска (вклучително и ЈЗУ Козле) и Ловќенска, вклучително и претседателските вили и дипломатските претставништа на наведените улици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.