Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.
Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.