Претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време.

Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Максималните температури во земјава ќе се движат од 26 до 33 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.