Веројатно за да го видиме првиот снег ќе треба да почекаме малку повеќе. Метеролозите за крајот на оваа година прогнозираат стабилно време и мали шанси за врнежи од снег.

Утрешниот ден и новата работна недела ќе донесат нестабилно време, но можностите за врнежи од снег се мали. Остатокот од недела ќе донесе стабилно време, со исклучок на петок. Утринските температури ќе се движат околу нулата, а дневните до шест степени.

Во последните две седмици од декември времето ќе биде студено, но сончево. Утринските температури ќе се движат околу три степени под нулата, а дневните до пет степени.

Новогодишната ден и ноќта ќе бидат студени со можни врнежи од снег.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.