Најстудено утрово е во Берово со -13 сетепени Целзиусови. Во Крива Паланка, Маврово и на Попова Шапка се измерени -11, во Скопје, Битола и Дебар -10, во Штип, Демир Капија и Крушево -9, Куманово, Тетово, Прилеп и Струмица -8, Охрид -6, Гевгелија -5 и во Дојран -2 степени Целзиусови.
Највисока снежна покривка има на Попова Шапка 43 сантиметри, во Маврово е 38, а во Крушево осум, информира УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималните температури ќе бидат во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.