Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

– Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Сѐ уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, информира Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Се препорачува внимателно возење и се потсетува дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.