Велосипедист или возач на мотоцикл за време додека управува со возилото не смее да води животни со себе, во спротивно ќе биде казнет со 50 евра.
Освен оваа мерка, Законот предвидува и глоба од 50 евра ако возач на велосипед со помошен мотор, мопед, се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина над 25км/час.
Исто толкава глоба ќе заработи и велосипедистот или мотоциклистот ако ги симне рацете од управувачот, се придржува за друго возило или влече предмети.
Казна од 50 евра ќе заработи детето до 14-годишна возраст и неговиот родител поради превезување на други лица на велосипедот. Задолжителен е шлемот на глава, рефлектирачки елек во ноќни услови, а глобата е исто така 50 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.