За време на овој викенд времето во Македонија ќе се задржи пооблачно, а ќе има услови и за сосема слаб локален и краткотраен дожд. Особено денес, и тоа Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.
Во Скопскиот регион викендов ќе се задржи пооблачно време, а особено денес ќе има услови за слаб локален и краткотраен дожд. Исто така, денес ќе дува умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени, тврди Славчо Попоски.
Потоа од понеделник ќе имаме уште потопло време, како и повеќе сончеви периоди, иако уште во понеделник ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и истите од понеделник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 20 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.