За во недела попладне, во понеделник и во вторник во одредени делови на Македонија се очекува невреме проследено со силен ветер, дожд и грмежи.
Од УХМР информираат дека за време на викендот и почетокот на иднава седмица ќе дува умерен повремено силен јужен ветер кој ќе придонесе да има пораст на температурата на воздухот. Во недела ќе има зголемување на облачноста, попладне ќе има услови за изолирана нестабилност. Во понеделник и во вторник на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе имаат форма на невреме со силен ветер (над 80км/час) и пороен дожд (над 20л/м2).
Во вторник температурата се намали од шест до девет степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.