За време на викендот и во првите два дена од следната недела ќе преовладува стабилно и сончево време со појава на мала до умерена облачност. Утринските температури
ќе бидат пониски, а дневните во постепен пораст.

Од УХМР соопштуваат дека нови врнежи се очекуваат во среда кон крајот на денот.

Температурата утре ќе се движи од два до 10 степени наутро, а преку ден ќе достигне максимум 24 степени Целзиусови.

Идната недела најтопло ќе биде во вторник, 27 степени, додека другите денови дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени Целзиусови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.