Вечерва 20 часот и 56 минути беше регистриран земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 40 километри западно од Скопје, во подрачјето на Гостивар, ивестуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.2. Според досегашните податоци земјотресот беше почувствуван од населението во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, додека во Скопје, Неготино земјотресот беше почувствуван со интензитет од три степени според истата скала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.