Вечерва снег врне на речиси сите повисоки места и планини во Македонија.

Според видео камерите достапни во нашите туристички центри јасно се гледа дека вечерва снегот без престан паѓа на Попова Шапка, Маврово, Нижополе, Пониква како и Крушево.

Метеоролозите снег најавуваат и за во наредните денови, а снег во текот на целиот ден врне и на планината Водно во Скопје.

Инаку според УХМР снежната покривка на Попова Шапка денес е повеќе од 85 сантиметри, а новите врнежи од снег не само тука, туку и насекаде ќе ја зголеми покривката на уште поголемо ниво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.