Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба бидејќи Владата донесе уредба со која го продолжи нивното траење поради вонредната состојба во државата.
Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16 часот.
Проблемите со обрасците за пасоши се надминати и секој граѓанин може да аплицира и тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страницата на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.