Во текот на изминатото деноноќие на граничниот премин Деве Баир влегле околу пет илјади граѓани во Македонија, а зголемена фреквенција на возила се очекува и денес.
Подолга колона возила кои чекаат за влез во државата се формира по дванаесет часот, но времето на задржување на возилата на граничниот премин е помалку од половина час, колку што е потребно за проверка на документите.

Според информациите од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток, зголемениот број возила е поради тоа што завршува зимскиот распуст за учениците и најголем дел од граѓаните се враќаат од зимските туристички центри Банско, Боровец и Три буки.

Одговорните служби очекуваат дека денес ќе биде надмината вчерашната бројка на возила кои ја поминале македонско-бугарската граница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.