Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, во текот на претстојната ноќ во поголем дел од државава ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат околу 20 л/м2 воден талог.
Ќе дува умерен, на некои места и тоа особено покрај Повардарието засилен ветер од северен правец, додека температурите на воздухот и понатаму ќе бележат тенденција на значително опаѓање и во текот на ноќта ќе се движат во интервалот од 4 до 12 степени.
Поради значителното заладување, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да дојде и до провејување на слаб снег.
Во текот на утрешниот ден врнежите ќе престанат и облачноста ќе почне да се намалува. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени. Во сабота, утрото, пак, ќе биде зимско и студено, со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 10 степени во најтоплите предели од државава.
За повеќе метео детали посетете го официјалниот фејсбук профил на СЛАВЧО ПОПОСКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.