Голем пад на температурите (за повеќе од десет степени), поинтензивни врнежи (над 30 л.м2), локална појава на грмежи како и услови за локална појава на град ќе донесе изразениот циклон Кармен во четврток попладне, навечер како и во текот на ноќта кон петок како и во петок. Влијанието на истот ќе го почувствуваме уште во среда кога во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува и ќе има услови за послаб локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Максималните дневни температури до среда ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени, во четврток истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени меѓутоа во петок ќе бележат тенденција на голем пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени а големиот пад на температурите ќе биде придружен и со засилен северен ветер кој наизразен ќе биде Должд Повардарието и во северните предели каде најпрво ќе започне заладувањето и тоа уште во среда доцна попладне и навечер.

Доста свежото време ќе продолжи и во деновите од викендот, особено студено ќе биде наутро кога понекаде ќе има услови за појава на слана и на слаб мраз и тоа особено во Беровскиот регион, објави Славчо Попоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.