Времето денеска ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минимална температура ќе биде во интервал од минус седум до три степени, а максималната од еден до 10 степени.
Во Скопје слично време, со температура од минус еден до пет степени.
Во следните три дена ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Минимална температура ќе биде во интервал од минус седум до еден степен, а максималната од четири до 12 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.