Утре во текот на денот ќе има нови врнежи од снег со слаб до умерен интензитет кои ќе бидат поизразени ќе бидат на повисоките места и на планините, јави УХМР.

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо време со сончеви периоди и со услови за слаб локален снег.

Инаку, времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе се задржи магливо и значително постудено време. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од минус 4 до 3 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе биде околу 1 степен.

УХМР јави и за вината на снежната покривика, која е најголема во Маврови Анови и изнесува 81 сантиметр.

„Снежната покривика во 7 часот изразена во сантиметри, највисока е во Маврови Анови 81, потоа 45 во Пожаране, 44 Дебар, Лазарополе, 39 Крушево, Попова Шапка, 38 Тетово, 31 Охрид, 32 Тополчани, 30 Битола, 27 Ѓуриште, 20 Претор, 13 Прилеп, 12 Скопје-З.Рид, 10 Штип, Куманово, 9 Струмица, Берово, 8 К.Паланка, Д.Капија, 6 Скопје Петровец, Гевгелија“, соопшти УХМР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.