Метеоролозите најавуваат дека во текот на утрешниот ден на повисоките планини ќе има врнежи од снег, додека на пониските места ќе има врнежи од дожд. На места, врнежите ќе бидат поројнисо над 20 литри на метар квадратен.

Од вечерните часови некаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 7 степени Целзиусови, а максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени Целзиусови.

Следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Наутро ќе има услови за магла во котлините.

 

 

 

 

 

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.