Утре и задутре без снабдување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Бутел, Ѓорче Петров и Центар, информираат од РЦУК Скопје.

Без струја утре, во периодот од 10:00 до 12:00 часот, ќе останат корисниците од ул. „Бутелска“ во општина Бутел.

Во понеделник пак без електрична енергија во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Орман во општина Ѓорче Петров, а во периодот од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од ул. „Мајка Тереза“ бр.12 и бр.20 во општина Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.