Црквата и верниците утре ја одбележуваат Задушница. Таа секогаш паѓа во сабота, бидејќи Исус Христос тој ден, спроти воскреснувањето во недела, го поминал упокоен.Тоа е ден кога православните верници ги посетуваат гробовите на најблиските, даваат помен и палат свеќа. Сеќавајќи се на покојните предци, верниците на овој ден се молат на Бог за простување на гревовите и за предците.
Православната црква во текот на годината одбележува четири задушници, есенски, летни кшто се споени со Духови, спроти големиот велигденски пост и зимски. На Задушница во црквата се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, каде што се пали свеќа и се чита молитва. Кој не може да одите на гробот на најблиските, свеќа пали во црква.
Се верува дека свеќата запалена на овој ден гори сè до следната Задушница. Исто така, постои верување дека ако на Задушница не се запали свеќа, мртвите една година ќе бидат во мрак.
Според верувањата, на Задушница не се работи, чисти и пере, не се работи ништо со волна, а не треба да се користат ниту ножици и игли. Овој ден се посветува на мртвите, а не на живите.
Ова е трета по ред Задушница за помен на починатите која се одржува во време на пандемија, каде што одењето и собирањето не се претпорачуваат. Со носење заштитна маска, дистанца од најмалку 2 метри, и без масовност на граѓаните е апелот на свештениците.
Свештениците исто така апелираат и да не се раздава храна, туку да се спроведе само молитвениот чин, со пченица, вино и леб. Оние кои нема да можат да одат на гробовите на починатите, можат да се помолат во соборните храмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.