ЕВН Македонија ги информира корисниците дека како резултат на последните случувања со Еуростандард банка, истите не ќе бидат во можност да извршат уплати за фактури за потрошена електрична енергија и други услуги на ЕВН преку Македонска пошта. Ова произлегува од фактот што Македонска пошта својот платен промет го реализираше преку Еуростандард Банка.
ЕВН располага со повеќе алтернативни решенија за плаќање кои корисниците може да ги користат периодов, и тоа: онлајн плаќање без провизија преку веб страната evnonline.mk, безготовинско плаќање без провизија, преку терминалите на ЕВН поставени во Корисничките енерго центри и Инфо центарот на ЕВН во ГТЦ електронско плаќање без провизија, користење на траен налог, плаќање во сите други банки, велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.