Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, понекаде со сончеви периоди, а на места со слаб дожд особено во планинските региони. Ќе дува слаб јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 13 степени Целзиусови.
Од утре следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови. Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени Целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.