Поради уличен дефект на цевка Ф-200 милиметри на булевар „Јане Сандански“ број 107 во Општина Аеродром, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците на три згради на овој булевар и тоа броевите 113А, 107 (први влез) и 111, додека останатите згради ќе имаат намален притисок.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје водоснабдувањето е прекинато во 17 часот и ќе трае до санирање на дефектот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.