Поради изведување градежни работи, улицата „Лазо Трповски“ во Општината Бутел ќе биде затворена за сообраќај од утре до среда. Прекин на сообраќајот ќе има на потегот од кривината со улицата „Боца Иванова“ до влезот на гробиштата „Бутел“, соопшти Град Скопје.
За влез во гробиштата „Бутел“ ќе може да се користи улицата „Александар Урдаревски“.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.