Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар е укината изутрина во седум часот, а се уште е во сила забраната на превојот Стража, информира Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби.

Слаб снег провејува на Попова Шапка и во Маврово.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.