Утрово во 07:00 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот превој „Стража“.

Поради засилени врнежи од снег, забраната за сообраќај беше воведена од синоќа на полноќ.

Во 3:30 часот е воведена забрана на патниот правец Битола-Ресен преку планинскиот превој „Ѓавато“.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, на места со остатоци од снег по интервенцијата на дежурните екипи. Снег врне во северниот, западниот и југозападниот дел од Република Македонија.

ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.