Од 8.20 часот е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, а од 8:30 часот се укинува и забраната за камиони на планинскиот премин Стража.
АМСМ претходно соопшти дека забраната за сообраќај на камиони од 5.20 часот е укината и за планинскиот премин Плетвар и дека е нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, откако се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.