Според најновите информации од УХМР денеска ќе преовладува претпладне променливо облачно време, а во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието (на места над 70км/ч.). Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне променливо облачно, попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. T= 10 °C, P= 988 hPa, U= 40 %, V= 7 m/s.
Во текот на утрешниот ден ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.
Во продолжение погледнете ја временската прогноза за деновите кои ни следат:
Прогноза за 10.04.2021 – Минимална температура: -5°C до 3°C, Максимална температура: 12°C до 19°C. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 11.04.2021 – Минимална температура: -3°C до 5°C, Максимална температура: 15°C до 21°C. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Прогноза за 12.04.2021 – Минимална температура: 0°C до 6°C, Максимална температура: 17°C до 23°C. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.