Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд.

Времето во сабота ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер. Температурата значително ќе се намали.

Во недела ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Во понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

УХМР денеска издаде и актуелно предупредување за претстојниот викенд:

Од сабота до понеделник ќе бидеме под влијание на изразена циклонска активност со чести продори на влажни бранови. Времето ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд особено во сабота (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.), информираат од управата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.