Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во државава. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 степени, информираат од УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во текот на неделава времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре кон крајот на денот и во вторник, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.