Од денеска попладне до вторник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе преовладува променливо облачно време, наместа со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуват повремени краткотрајни поројни врнежи од дожд, на места во вид на невреме придружувани со засилен ветер и појава на град.
Според УХМР, на некои места каде локално врнежите ќе бидат поинтензивни, можно е брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици низ земјата како и појава на одрони и свлечишта. Исто така можна е и појава на течење и слевање вода низ дел од градските урбани средини на места каде процесите ќе бидат поинтензивни со краткотрајни интензивни врнежи од дожд. За поголемите реки засега не постои опасност од нивно излевање.
УХМР предупредува на претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците во наредните денови, особено за време на попладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.