Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени Целзиусови.
В среда и в четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено во четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.