„Македонија пат“ уште ја прославува новата 2019 година, коментираат граѓаните на социјалните мрежи, каде веќе трет ден се споделуваат фотографии со неисчистени коловози.
Последната споделена фотографија на „Ѕидот на сообраќајниот срам“ ја прикажува состојбата на патот Струмица-Берово.
Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар.
На регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.
Се уште се во сила забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.