Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високите температури.
Утринските температури утре ќе се движат од 14 до 22 Целзиусови степени, а дневните од 32 до 41 Целзиусов степен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје утринската температура ќе достигне до 22, а дневната до 40 Целзиусови степени.
Наместа вдолж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен.
Во понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, а во јужните ќе се задржат високите температури, информира УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.