Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно, во северните делови со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 13, а дневната од 13 до 21 степен.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 16 степени.

Сончево со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено покрај Повардарието.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.